Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер признава дека има „ситуација“ со своите тројца достапни голмани и најверојатно ќе мора да продаде еден од нив.
Првиот голман Давид де Хеа е под притисок откако имаше серија лоши партии по рестартот на Премиер лигата, а младиот Дин Хендерсон се враќа по позајмицата во Шефилд јунајтед, каде што помина две сезони. Тука е и Серхио Ромеро, кој бара постојано место во тимот.
Пред денешниот меч од Лига Европа со Копенхаген, Солскјер призна дека има „проблем“.
„Ќе биде тешко да се заддржат сите, така што ќе мора да се донесе одлука. Имам среќа што имам фантастични голмани. Серхио, Давид и сега Дин, имаме тројца врвни голмани. Серхио беше многу важен во Лига Европа за нас, а Давид како и секогаш е на врвот. Ќе видиме што ќе направиме во иднина“, изјави Солскјер.