Top Sport

О’Саливен контра младите: Треба да ми исечат рака и нога да испаднам од топ 50

Снукер легендата, Рони О’Саливен имаше интересен коментар по пласманот во четврт-финалето на Светското првенство во Шефилд, велејќи дека ќе треба да му исечат една рака и една нога за да испадне од топ 50.

О’Саливен го победи Динг Џунхуи со 13:10 во неделата, со што закажа рекордно 19. четврт-финале на СП, каде што ќе се судри со Марк Вилијамс. Запрашан дали е изненаден што тој и Вилијамс, 25 години по нивното деби, уште се во игра на големите турнири, О’Саливен го нападна квалитетот на младите играчи.

„Да ме запрашавте пред 25 години дали ќе бидеме на ова ниво, ќе ви кажев не. Но, ако го видите нивото на играта, тогаш е јасно зошто е така, зошто уште сме тука јас, Џон Хигинс, Марк Вилијамс. Ако ги погледнете младите играчи, јасно е дека не се многу добри, нели? Повеќето од нив би биле полупросечни аматери. Си мислам дека треба да ми исечат рака и нога за да испаднам од топ 50. Толку се слаби“, изјави О’Саливен.

Scroll to Top