Top Sport

Солскјер признава: Манчестер јунајтед не се кандидати за титула

Оле Гунар Солскјер вели дека Манчестер јунајтед не се кандидати за титулата и дека тој никогаш не го кажал тоа, објаснувајќи дека медиумите сакаа да направат таква слика.

„Ѓаволите“ беа на секунди да се израмнат со Манчестер сити на врвот на табелата (со два натпревари повеќе), но во последните секунди примија гол за 3:3 реми со Евертон во саботата. Два од трите гола кои ги примија Јунајтед беа предмет на грешки и Солскјер признава дека тоа го исфрустрирало.

„Игравме добар фудбал во второто полувреме, но примивме три гола од три удари. Кога ќе направите такво нешто, нормално дека сте разочарани. Не сакам да обвинувам никого, но можевме да одиграме подобро на трите гола. Резултатите го прават расположението и сега загубивме два поени. Титули? Ние не зборуваме за освојување титули. Тимот е многу подобрен, но не треба да не сметаат за кандидати за титулата. Тоа се муабети кои ги правите вие медиумите. Ние само треба да бидеме подобри како тим и да видиме каде ќе завршиме. Но, ако сакаме да одиме напред, не смееме да дозволуваме лесни голови“, објаснува Солскјер.

Калверт-Лувин во 95.минута им ја украде победата на Манчестер јунајтед

Scroll to Top