Top Sport

Солскјер промовира „бебиња“ – Межбри во првиот состав следната сезона

Манчестер јунајтед и Оле Гунар Солскјер се подготвени следната сезона да му дадат шанса во првиот тим на тинејџерот Ханибал Межбри, јавуваат британските медиуми.

17-годишниот Межбри пристигна на „Олд Трафорд“ од Монако за 9 милиони евра, и во клубот се импресионирани од неговите мечеви за младинските тимови, сметајќи дека е подготвен полека да го промовира во првиот тим, тврди „Манчестер ивнинг њуз“. Французинот Межбри оваа сезона има само еден настап за У-23 тимот на „ѓаволите“, и повеќе натпревари има во У-18 тимот.

Според изворите на весникот, Јунајтед остануваат на филозофијата на давање на вистинска шанса на младите фудбалери покрај Межби, а се очекува за место да се борат и Чарли Меккен и Марк Хелм.

Scroll to Top