Top Sport

Сетиен: Меси не беше фер со критиките за тактиката

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен застана во одбрана на својата фудбалска тактика, откако неодамна Лионел Меси изјави дека со таква игра тешко дека ќе можат да стигнат до нова титула во Лигата на шампионите.

Сетиен го презеде клубот по отпуштањето на Ернесто Валверде во јануари, и ги искачи Барса на првото место во Ла лига со два поени предност пред Реал Мадрид, а во првиот меч од осминафиналето на ЛШ одиграа 1:1 на гости кај Наполи. Ова не го импресионираше Меси.

„Не е возможно да ја освоиме титулата од ЛШ на ваков начин. Зошто мислам така? Бидејќи играм во Лигата на шампионите секоја година“, изјави неодамна Меси во интервју за каталонскиот „Спорт“.

Секако, гласот на Меси има „тежина“ во Каталонија, но Сетиен вели дека е подготвен да се бори за првиот трофеј од ЛШ од 2015.

„Мислам дека зборовите на Меси креираа голема дебата. Меѓутоа, ние сме сигурни дека можеме до титулата. Мора да бидеме подобри, но без сомнеж овој тим има квалитет и потенцијал за титулата“, вели Сетиен.

Меси и Барса доживеаја три елиминации во четврт-финалето, пред минатогодишниот „колапс“ во полуфиналните пресметки со Ливерпул на „Енфилд“, откако претходно освоија три титули во шест години од 2006 до 2011 година.

Меси: Сетиен не разбира, со ваква игра не можеме да ја освоиме ЛШ

Scroll to Top