Top Sport

Солскјер се плаши од вештачкиот терен во Холандија

Оле Гунар Солскјер е загрижен за вештачката трева на теренот на АЗ Алкмар пред дуелот од Лига Европа во четврток, и признава дека тоа бил еден од факторите поради кои го оставил Пол Погба дома во Англија.

Мечот се игра на „АДО стадионот“ во Ден Хаг откако на стадионот на Алкмар се сруши дел од покривот во август, и Солскјер вели дека квалитетот на теренот е многу полош од терените на кои тој играл во Норвешка.

„Изненаден сум што решија да играат на овој терен. Јас сум навикнат на ’астротурф’ терените во Норвешка, но ова е многу полошо. Изненаден сум што на оваа клима се решија на вештачки терени, бидејќи на пример во Норвешак не можеме да играме во ноември или декември, но тука не е толку студено.  Дали треба да се забранат? Не може да се направи тоа, бидејќи во Норвешка не може да се игра на природна трева“, вели Солскјер.

Scroll to Top