Top Sport

Солскјер: Смешна е одлуката по која Матиќ доби црвен картон

Оле Гунар Солскјер по мечот со Манчестер сити го искажал своето незадоволство од судењето што го имал неговиот тим на натпреварот кој го добија со 1:0, но сепак не успеаја да изборат финале во Лига купот.

Манчестер Јунајтед синоќа победија кај Манчестер сити со 1:0, но благодарение на победата во првиот меч (3:1) „граѓаните“ се пласираа во финалето. На Јунајтед им беше потребен уште еден гол за да изборат продолженија.

„Црвените ѓаволи“ голот за победа го постигнаа во 35 минута преку Немања Матиќ. Србинот во второто полувреме се претвори во трагичар бидејќи поради вториот жолт картон во 74 минута го заврши натпреварот.

Солскјер е незадоволен токму од таа одлука на судијата, за него бил смешен црвениот картон што го добил Матиќ.

„На „Итихад“ е тешко да постигнете гол со 11 играчи, а уште потешко е со десетмина на теренот. Тоа не беше за исклучување. Сметам дека одлуката е смешна. Иронично беше што воопшто доби жолт картон за првиот фаул, а потоа доби уште еден жолт за прекршок што не беше прекршок. Ни блиску не беше до фаул. Колку пати тие нас не фаулираа? Колку пати Џејмс беше под фаул, или Лингард во првото полувреме?“, прашал Солскјер, кој на крајот имал само комплименти за неговите играчи.

Scroll to Top