Оле Гунар Солскјер смета дека црвените прекривки на седиштата на „Олд Трафорд“ се делумно виновни за непостојата домашна форман а Манчестер јунајтед, бидејќи фудбалерите не можат да се распознаат.
Јунајтед имаат 27 поени дома оваа сезона, со четири порази и три ремија, во споредба со 36 поени на гости, каде што имаат неверојатна серија од 23 меча во Премиер лигата без пораз. Тие утре ќе ги пречекаат Гранада во вториот меч од четврт-финалето во Лига Европа и Солскјер вели дека сега имаат предност бидејќи прекривките на седиштата се сменети.
„Ќе видите промена сега, ќе ги видите банерите околу клубот веќе не се црвени. Ги разгледувавме причините за лошата домашна форма, и не би требало да има причина. Некои луѓе споменаа дека во дел од секундата кога треба да погледнеш каде е твојот соиграч, не се забележува црвениот дрес со црвена позадина. Се обидовме да го смениме тоа и веќе нема да се црвени. Не би требало да има причина, но нешто е. Имате предност од 4:0 против Сосиедад и потоа играте 0:0, првиот меч со Милан, примате гол во последната минута“, вели Солскјер.