Оле Гунар Солскјер упати интересен коментар кон својот претходник на клупата на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, велејќи дека „многу работи мораа да бидат променети“ за доброто на клубот.
Солскјер се врати на „Олд Трафорд“ во декември 2018 како преоден тренер, по што направи доволно да добие тригодишен договор со план за „обнова“ на славниот клуб. Тој постојано изјавуваше дека нема „брзи решенија“ и бараше трпение од навивачите, пред во последно време клубот да покаже „знаци на живот“.
„Чувствував дека многу работи треба да се сменат. Верувам дека одиме на подобро место, дека сме на вистински пат за голем Манчестер јунајтед. Во различни клубови има различна политика на водење на работите, и јас верувам во овој наш метод. Немав целосна доверба во тоа што беше правено претходно. Мислам дека сум вистинскиот човек за оваа работа, но нема да седам тука и да зборувам за тоа. Доказите ќе се видат на крај“, вели Солскјер.