Top Sport

Солскјер со совет за неговите фудбалери: Не мора да сте пријатели

Оле Гунар Солксјер им порача на своите фудбалери да бидат лути еден на друг пред важните мечеви бидејќи тоа ќе биде барометар за подобрувањето на формата на Манчестер јунајтед.

Преодниот менаџер на Јунајтед имаше совршен старт на клупата на „Олд Трафорд“ со пет победи во низа, по што следуваше „паузата“ во Дубаи пред напорниот февруари во кој ги очекува дуел со Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите.

„Веќе забележав дека се работи за тим кој се држи еден со друг. Атмосферата е фантастична и тоа е основата на која ќе го градиме тимот. Но, не мора да бидете пријатели. Тимскиот дух е супер, но и јас имав неколку конфликти додека бев фудбалер. Ако тренингот заврши со караница не е толку важно ако се победува“, вели Солскјер.

Напорниот период и вистинскиот тест следува за Солскјер почнувајќи со Тотенхем во недела. По дуелите со Брајтон, Арсенал и Барнли, следува двобојот од ЛШ против ПСЖ со првиот меч дома на 12 февруари.

„Против ПСЖ ќе го имаме вистинскиот тест. Не е нешто што е неопходно да го добиеме, меѓутоа важно е да се тестираме против најдобрите. Сезоната е долга и тешка, тука се поразите и победите“, вели Норвежанецот.

Scroll to Top