Top Sport

Салах повторно избран за најдобар африкански фудбалер

Мохамед Саслах повторно ги победи Садио Мане и Пјер-Емерик Обамејанг за да биде именуван за најдобар африкански фудбалер во 2018 година од страна на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ).

До втората едноподруго награда од ЦАФ, Салах дојде откако постигна 44 гола за Ливерпул и Египет во 2018 година, завршувајќи ја сезоната 2017/18 како најдобар стрелец во англиската Премиер лига со 32 гола.

Првите тројца од изборот на ЦАФ го предводат нападот на најдобрите 11 за 2018 година, средниот ред е надополнет со Наби Кеита (Ливерпул, Гвинеја), Томас Парти (Атлетико Мадрид, Гана) и Ријад Марез (Манчестер сити, Алжир). Најдобрата африканска одбрана ја сочинуваат Мехди Бенатија (Јувентус, Мароко), Калиду Кулибали (Наполи, Сенегал), Серж Орие (Тотенхем, Брег на Слонова Коска) и Ерик Баји (Манчестер јунајтед, Брег на Слонова Коска). Најдобар голман е Денис Онјанго од Уганда, кој игра за јужноафриканскиот клуб Мамелуди Сандаунс.

Scroll to Top