Top Sport

Солскјер со три тинејџери направи ново чудо за Јунајтед

Оле Гунар Солскјер пред да стане (привремен) тренер на Манчестер јунајтед, беше најпознат по неговиот гол за срцев напад во финалето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен за 2:1 победа во 1999 година.

Сега, „убиецот со бебешка насмевка“ покажа дека ако сакате ЛШ-чудо, треба да го повикате Норвежанецот. Кога сите сметаа дека „ѓаволите“ патуваат во Париз без вистински шанси да направат било што, со 0:2 негатива, без суспендираниот Пол Погба, со повредените Антони Марсијал, Алексис Санчез  и Џеси Лингард, се случи чудо.

Да, со многу среќа – грешките на ПСЖ на головите на Лукаку, пеналот во 90-та минута со помош на ВАР-системот. ПСЖ ја имаше играта, шансите, го имаше фантастичниот Килијан Мбапе. Но, на крајот загуби.

Кога Јунајтед требаше да „притисне“ за тој трет гол, Солксјер се реши во игра да внесе двајца тинејџери – 17-годишниот Мејсон Гринвуд и 19-годишниот Тахит Чонг. Претходно, на местото на неефективниот Ерик Баји влезе 19-годишниот Диого Далот. Во тие моменти во игра беа и Скот Мектоминеј (22 години), Маркус Рашфорд (21 година) и Лук Шо (23 години). По „бебињата“ на Мет Базби и „децата“ на Сер Алекс Фергусон и Солксјер има свои „деца“.

Јунајтед може ќе испаднат веќе во четврт-финалето, но Солксјер повторно им даде тема на разговор на милионите навивачи на Јунајтед. Довербата е вратена, сега треба само да му се официјализира договорот.

Јунајтед со сензационална победа во Париз! (видео)

Scroll to Top