Top Sport

Дали ВАР и Скомина згрешија што доделија пенал за Манчестер јунајтед? (видео)

Иако не ја намалува сензационалната победа на Манчестер јунајтед од 3:1 на гости кај тим како Пари Сен-Жермен, ВАР системот и словенечкиот судија Денис Скомина ќе бидат под лупа за одлуката во 90-тата минута од мечот да одредат пенал за таква ситуација.

Одлуката за пенал дојде откако ударот на Диого Далот, кој одеше над голот, го удри Преснел Кимпембе во раката. Скомина прво покажа на корнерот, но по интервенција на ВАР системот и по прегледувањето на снимката реши дека се работи за удар од белата точка, кој подоцна Рашфорд го реализираше без мака.

Јунајтед со сензационална победа во Париз! (видео)

Scroll to Top