Top Sport

Солскјер: Сум копирал акции на Раниери

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, рекол дека не знае дали ќе остане на „Олд Трафорд“, но дека имал визија како треба да изгледаат „црвените ѓаволи“ во наредните неколку сезони.

Солскјер бележи одлични резултати откако го наследи Жозе Мурињо на клупата на трофејниот клуб. Норвежанецот има девет победи и едно реми, в сите натпреварувања. Манчестер Јунајтед се петти на табелата со 14 бода помалку од Манчестер сити и Ливерпул.

„Одиме чекор по чекор. Изминатите два месеци беа брилијантни, сега е важно да продолжиме да напредуваме и победуваме. Не треба да се задоволиме со она што го сработивме досега. мораме да бидеме фокусирани против Фулам. Мораме да размислуваме и за мечевите против ПСЖ, Челси и Ливерпул, но сепак тоа не се натпревари на кои ќе можеме да напредуваме“, рекол Солскјер и дополнил.

„Не знам во каква ситуација се Фулам, но она што го покажаа против Лестер ни потврдува дека се способни за добри резултати. Му се восхитувам на раниери. Имам прекопирано неколку негови акции“.

Манчестер Јунајтед ќе гостуваат кај Фулам, в сабота од 13.30 часот.

Scroll to Top