Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека уште не одлучил кој е најдобриот голма во неговиот тим и додаде дека и Дин Хендерсон и Давид де Хеа ќе бранат за клубот до крајот на сезоната.
„Ѓаволите“ го пречекуваат Брајтон на „Олд Трафорд“ во недела, откако Англичанецот Хендерсон беше голман на последните шест меча бидејќи Де Хеа доби дозвола да се врати во Шпанија по раѓањето на неговото дете. Де Хеа и покрај грешките кои ги прави оваа сезона, ја има довербата на Солскјер.
„Имам фантастична опција да бирам меѓу двајца врвни голмани и вистинско задоволство е што се со нас. Имаме девет натпревар, плус можни пет во Лига Европа, така што сигурно и двајцата ќе бидат на голот. Знам дека во медиумите има наратив за избор на број 1 и создавање на тензија, и тоа сакате да го слушнете од мене. Како и да е, ќе биде одлучено според квалитет, а и двајцата знаат дека ги ценам многу високо“, изјави Солскјер.