Top Sport

Солскјер уште верува дека е вистинскиот: Дојдовме предалеку за да се откажеме сега

Оле Гунар Солскјер признава дека на крајот вината за неверојатниот 0:5 пораз од Ливерпул е само негов, објаснувајќи дека тоа е најболниот пораз во неговата тренерска кариера, но не сакаше да коментира дали ќе добие отказ од клубот, велејќи дека по ваков резултат, ќе „види“ каде ќе го однесе тимот.

„Не е лесно да се каже било што освен дека ова е најцрниот ден кој го имав со овие момци. Не бевме доволно добри ниту индивидуално, ниту како тим и не смееме да им дозволиме вакви шанси на Ливерпул. Чија е одговорноста? Моја, тоа е тоа. Тренерскиот тим е брилијантен, но јас го избрав приодот кон играта и им дадовме многу простор. Игравме дома против Ливерпул и со ист приод со висок пресинг, но денеска не го дадовме печатот на нашата игра. И лани изгубивме 6:1 од Тотенхем, но ова е многу полошо, многу, многу полошо. Посебно за мене како играч, навивач и тренер на Манчестер.  Дојдовме предалеку за да се е откажеме сега, но моите играчи имаат силен карактер. Знаеме дека сме на дното, не можеме да биде полошо од ова. Да видиме каде ќе не однесе“, изјави Солскјер.

Салах и Ливерпул го посрамотија Јунајтед – ќе ja преживее ли Солскјер „кланицата“

 

Scroll to Top