Top Sport

Солскјер: Второто место не е никакво остварување за Манчестер јунајтед

Жозе Мурињо по 2017/18, последната полна сезона на чело на Манчестер јунајтед, изјави дека второто место со 19 поени заостанување зад Манчестер сити е најголемиот успех во неговата кариера, но неговиот наследник Оле Гунар Солскјер, смета дека второто место оваа сезона не е остварување со кое клубот треба да биде горд.

„Ѓаволите“ заостануваат огромни 14 поени зад Сити оваа сезона, и иако второто место би било само второ по заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година, Солскјер вели дека целите на клубот мора да се повисоки.

„Не можете да кажете дека второто место е остварување. Нашата амбиција мора да биде повисока. Го велев тоа и пред да дојдам во клубот, не можеш да бидеш задоволен со тоа. Амбицијата е да се биде прв и да се стигнат тие пред нас. Во моментов, Сити имаат фантастична сезона, каква што имаат три-четири пати и знаеме кој е предизвикот. Фудбалерите мора да ги направат потребните жртви и да ја завршат работата. Крв, пот и солзи, бидејќи ова е најдобрата, но и најтешката лига на светот“, изјави Солскјер, пред дуелот со тимот на Мурињо, Тотенхем во недела.

Scroll to Top