Top Sport

Модриќ до Пике: Го чекаш судијата за да плачеш?

Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 во дербито кое може да биде клучно во шпанскиот шампионат, и како и секогаш кога се игра „Ел класико“, контроверзите се тука.

Барселона сметаше дека е оштетена за пенал и дека судијата Хил Манзано дал само четири минути продолжение и покрај долгите паузи, и посебно интересна беше дискусијата на двајцата ветерани Лука Модриќ и Жерард Пике по крајот.

„Едвај чекаш да почнеш да плачеш“, му кажа Модриќ на Пике при поздравувањето. „Човеку, само четири минути“, „Колку би сакал ти?“, беше одговорот на Хрватот, по што Пике му ја оттурна раката.

Scroll to Top