Top Sport

Солскјер: Златан го знае мојот број ако е сериозен

Оле Гунар Солскјер вели дека е подготвен да зборува со Златан Ибрахимовиќ, ако напаѓачот на Лос Анџелес галакси е сериозен за враќањето на „Олд Трафорд“.

Шведскиот ветеран неодамна изјави дека „ако им требам на Јунајтед, јас сум тука“, откако имаше 53 настапи за клубот од 2016 до 2018 и постигна 29 гола и Солскјер не отфрла ништо.

„Да полнеше 28, а не 38 години во откомври ќе беше сосема поинаку. Златан беше одличен тука, но за жал на крајот се повреди. Којзнае. Тој го има мојот број, ја гледаше мојата куќа кога беше тука и можеме да зборуваме норвешки и шведски, се разбираме. Ако е сериозен, јас секогаш сум подготвен да зборувам со него“, вели Солскјер.

Scroll to Top