Top Sport

Оливер Кан ќе го замени Румениге како директор на Баерн

Легендарниот германски голман, Оливер Кан ќе го замени Карл-Хајнц Румениге како извршен директор и претседател на бордот во 2022 година, откако прифати важна улога во својот поранешен клуб.

Кан се согласил на петгодишен договор, со кој прво ќе се приклучи на шампионите од Бундеслигата како член на бордот од 1 јануари 2020 година. 50-годишниот Кан потоа ќе го замени Румениге како човек одговорен за работите кои не се однесуваат директно на фудбалот.

Кан, кој помина 14 години на „Алијанц арената“, направи успешна бизнис-кариера по повлекувањето од фудбалот и вели дека ова за него е „голема чест“.

„Длабоко сум поврзан со клубот и тој го формираше мојот живот. Спортскиот и финансиски успех, солидарноста со навивачите, одговорен приод кон историјата и вредностите на клубот, тоа е Баерн“, вели Кан.

Оваа замена е дел од пошироките промени во Баварија, откако Ули Хенес ќе се повлече од претседателската позиција на следното годишно собрание на 15 ноември и ќе продолжи како член на бордот за супервизија.

Scroll to Top