Top Sport

Сомнежи за фудбалски „местенки“ во Босна и Херцеговина

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина потврди дека УЕФА побарала истрага за неколку мечеви од Премиер лигата во земјата поради сомнежи дека може да има наместени натпревари.

Според неофицијалните информации од БиХ, се работи за шест натпревари кои се „наместени“ за највисокиот можен коефициент на обложувалниците (полувреме-крај од 1 во 2 или од 2 во 1).

„Немаме сознанија дека УЕФА непосредно барале интервенција од државните институции, но федерацијата прими неколку извештаи за сомнеж во евентуални нерегуларности на одредени натпревари  и во тек е истрага, но поради заштита на доверливоста, нема да објавуваме детали“, велат од федерацијата, посочувајќи дека потребната документација е дадена до обвинителството на БиХ.

Scroll to Top