Тотенхем најави истрага за тврдењата дека нивните сопствени фанови расно го навредуваа нивниот јужнокорејски фудбалер Сон Хеунг-Мин при 0:1 поразот од Манчестер јунајтед во неделата на „Вембли“.
Според дел од навивачите кои се јавија на Твитер, навивачите на Спарси по крајот на мечот упатувале навреди кон Сон, по што дел од нив го пријавиле ова на стјуардите на мечот, но и директно на клубот.
„Денеска искусив нешто што не сум видел 15 години. Навивачите на Тотенхем беа ужасни. Го известив стјуардот и бев наречен п.чка! Додека стоев до мојот син. Ужасно“, напиша новинарот и навивач на Тотенхем, Џејмс Дикенс по мечот на Твитер.
I’ve not experienced racism at football for about 15 years. But today at @SpursOfficial was hideous. Reported to stewards, confronted him myself and was called a c*nt. While I was standing next to my son. Hideous.
— James Dickens (@JamesWDickens) January 13, 2019