Top Sport

Сон до соиграчите: Извинете, ама мора да се обидам да не одам во војска

Корејската ѕвезда на Тотенхем Сон Хеунг-Мин се извини за отсуството на своите соиграчи во англискиот премиерлигаш, откако ќе мора да се обиде да го освои Азискиот куп со Јужна Кореја за да избегне одење во војска.

26-годишниот Сон ќе настапи на првиот меч на Тотенхем против Њукасл од новата сезона, по што ќе замине во Индонезија за да игра за националниот дрес. Според корејските закони, сите мажи мораат да отслужат војска до 28 години, а спортистите се изземени од оваа обврска само ако имаат голем успех со националниот дрес. Сон, кој со соиграчите не успеа да ги мине групите на СП во Русија, сега со освоено злато би избегнал одење во војска.

„Жал ми е бидејќи Тотенхем е мојот клуб и ќе ми биде незгодно што ги напуштам  соиграчите. Но, важно е да се игра и за националниот дрес“, вели Сон.

Кореецот, кој дојде во Тотенхем од Баер Леверкузен во 2015, не сакаше во детали да зборува за служењето војска.

„Ќе зборуваме по Азискиот куп, бидејќи сега немаме освоено ништо. Секогаш е убаво да се освојуват трофеи за својата држава и нема да патувам таму само да се бројам“, додава Сон, кој одигра 43 од 45 натпревари на Тотенхем минатата сезона.

Воениот рок во Јужна Кореја може да трае до две години.

 

Scroll to Top