Top Sport

Сон и Кејн со по два гола за убедлива победа на Тотенхем

Хери Кејн и Сон Хеунг-Мин постигнаа по два гола за Тотенхем да стигне од 6:3 победа над комбинираниот тим од корејската К-Лига во трилер со девет гола во Сеул.

Пред 66 илјади гледачи, Ерик Даер го отвори резултатот со одличен гол од далечина, пред домаќините да израмнат во судиското продолжение од првото полувреме. Во редок случај кога се работи за пријателски мечеви,Ким Донг-Мин доби директен црвен картон откако го собори Сон во последните 20 минути од мечот.

За одбележување е и дебито на Бразилецот Ришарлисон по неговиот трансфер од Евертон.

Турнејата низ Јужна Кореј продолжува со меч против Севилја во Сувон во сабота.

Scroll to Top