Сон Хеунг-Мин има намера да остане во Тотенхем и покрај богатата понуда да се приклучи на саудискиот Ал-Итихад, јавува „ЕСПН“. 30-годишниот Кореец добил понуда од Саудиска Арабија за четиригодишен договор вреден 30 милиони евра годишно, а Ал-Итихад биле подготвени да платат 60 милиони евра плус бонуси на Тотенхем.
„Имам уште работа во Премиерлигата. Парите не се многу важни во моментов, повеќе сакам да играм за гордост, да играм во мојата омилена лига за омилениот клуб. Останувам во Тотенхем и подготвен сум да се вратам силно следната сезона“, изјавил Сон за корејските медиуми.
Ал-Итихад веќе го донесоа Карим Бензема од Реал Мадрид, а исто така се пред договор со Н’Голо Канте од Челси. Сон има договор со Тотенхем до 2025.