Top Sport

Сон: Кога растев навивав за Манчестер јунајтед, сега не можам

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин признава дека кога бил млад бил страствен навивач на Манчестер јунајтед, но дека сега не може да навива за „ѓаволите“.

Јужнокореецот, кој пристигна во Тотенхем од Баер Леверкузен во 2015, има над 284 настапи за клубот и 109 гола, така што лојалноста кон својот клуб не е под сомнеж (тој потпиша нов четиригодишен договор ова лето), но признава дека кога бил млад само еден англиски клуб му бил омилен.

Причината е едноставна – тогаш во Јунајтед играше неговиот сонародник, култниот Парк Џи-Сунг.

„Кога растев навивав за Манчестер јунајтед, бидејќи таму беше Џи-Сунг. Тој е национален херој и личе херој за мене. Сега сум добар пријател со него. Тој беше првиот Кореец кој играше во Премиер лигата. Тогаш навивав за Јунајтед, сега не можам“, вели Сон.

 

Scroll to Top