Top Sport

Сон не е како Кејн: Сакам во Тотенхем до крајот на кариерата

За разлика од неговиот соиграч Хери Кејн, Сон Хеунг-Мин вели дека не размислува за било кој друг клуб освен за Тотенхем и дека е подготвен да остане во премиерлигашот од северен Лондон уште цела деценија.

Сон дојде во Тотенхем од Баер Леверкузен во 2015 година, и оттогаш има 71 голови во Премиер лигата, вклучувајќи го и одличниот гол за 1:0 победа над Манчестер сити денеска во Лондон. 29-годишниот Сон имаше фантастично партнерство со Кејн во нападот и стана миленик на навивачите. Тој неодамна потпиша продолжување на договорот до 2025, нешто што вели дека не го очекувал.

„Ако можам да останам уште четири години, а во фудбалот ништо не може да се вети, тогаш ќе останам. Затоа потпишав нов договор бидејќи не сакам да одам било каде. Ако можам да бидам тука 10 години или повеќе ќе се обидам да останам фокусиран секој меч. Мислам дека поважно е да се даваат голови отколку да се одбележи 10-годишнина во тимот. Имав уште две години од договорот и искрено не очекував продолжување, но тоа само ми покажа колку клубот ме цени. Затоа сакам да им ја вратам таа доверба“, вели Сон.

Scroll to Top