Top Sport

Младите загубија во финалето на ЕХФ шампионатот од Полска

Полска и се одмазди на македонската ракометна репрезентација до 19 години, откако ги победија со 35:33 во финалето на ЕХФ шампионатот во Скопје.

Тимот предводен од селекторот Кирил Лазаров ја победи Полска во групната фаза (30:25), но момвите овојпат потклекнаа во второто полувреме, откако во првото беше израмнето (17:17), и дозволија Полјаците да се одвојат на +5 (24:19), разлика која потоа беше недостижна. Митев беше најефикасен на мечот со 7 гола, додека по 6 постигнаа Илиески, Петковски и Анастасијевиќ.

На ЕХФ шампионатот Македонија загуби од Грција (30:26), по што ги победи Полска (30:25) и Швајцарија (34:33 по изведување на пенали).

 

Scroll to Top