Фудбалската репрезентација на Јужна Кореа го освои турнирот што се играше во рамките на Игрите на Азија. Во финалето, Кореа, по две продолженија, славеше над Јапонија 2:1.
Најмногу причини за задоволство, по освојувањето на трофејот, има играчот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, бидејќи владата на оваа земја ќе го осолбоди од обврската да оди во војска.
Законот во Јужна Кореја е јасен, сите млади луѓе мора да служат воен рок, а попуст имаат само оние што ќе направат нешто значајно за својата држава.
Во финалето немаше голови во регуларниот тек, а потоа Кореа постигна два гола, преку Ли во 93. и Хванг во 101.минута. Единствениот гол за Јапонија го постигна Уеда во 115.минута.