Top Sport

Сон прво се изнаплака, па порача: Зошто да не ги победиме Бразил!

Хеунг-Мин Сон не можеше да ги сопре солзите по драматичната завршница во групата Х, во која тој асистираше за 2:1 победа над Португалија, по што преку мобилни телефони ги следеа последните шест минути од мечот Уругвај-Гана, надевајќи се дека Уругвајците нема да дадат уште еден гол за да ги елиминираат поради подобра гол-разлика.

Меѓутоа, откако на тој меч остана 2:0, асот на Тотенхем даде предупредување дека Јужна Кореја има поголеми цели од осминафинале на Мундијалот, велејќи дека можат и преку Бразил.

„На почетокот мислев дека не чека тежок натпревар, но на крајот беше дури и премногу тежок. Целта беше да влеземе во осминафиналето, но имаме и повисоки цели. Никој не знае што ќе се случи во фудбалскиот свет, и ако имаме шанса да ги победиме Бразил ќе го направиме тоа“, вели 30-годишниот Сон.

Scroll to Top