Top Sport

Сон си го оствари сонот и си размени дресови со својот идол Нејмар

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин, честопати е посочуван како еден од најскромните фудбалери на светот, а неговиот соиграч Емерсон Ројал открива дека Кореецот често го прашува дали бразилската ѕвезда Нејмар знае за него. По денешниот пријателски меч помеѓу Кореја и Бразил, му се оствари сонот за дружба со легендата.

„Постојано се шегува: ‘Замисли да сум Бразилец? Јас и Нејмар на теренот’. Тој е голем фан на Нејмар и навистина го сака. Честопати ми зборува за Неј: ‘Дали ме познава?’. Секогаш му велам дека нормално дека го знае, и дека исто како што ти го почитуваш и тој те почитува тебе. Ти си ѕвезда“, вели Емерсон за „ЕСПН“.

Нејмар дефинитивно знае кој е фудбалерот кој ја сподели златната копачка во Премиерлигата со Мохамед Салах со 23 гола во 2021/22 што докажа со фотографијата и со пораката: „Крак“, што на португалски означува „ас“.

 

Scroll to Top