Поранешниот капитен на репрезентацијата на Камерун, Рогоберт Сонг е именуван за нов селектор на националниот тим. Сонг дојде на местото на Тони Консеисао, кој си замина откако не успа да ја освои титулата на Африканскиот куп. Камерун, како домаќин, на Африканскиот куп, го освои третото место.
Сонг ќе има задача да ја однесе репрезентацијата на Светското првенство во Катар. За три недели, во баражот, Камерун ќе игра против Алжир, на 25.март во Јуанде и на 29.март во Блида.
Сонг 17 години беше професионален фудбалер, за Камерун одиграл 137 натпревари. Четири пати учествувал на СП-а, осум пати на Африканскиот куп.
Во кариерата играл во Англија, Франција, Италија и Турција.