Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез бил вклучен во сообраќајна несреќа во Милано, откако удрил една жена со својот автомобил, јавува „Кориере дело спорт“.
Младиот Аргентинец не е повреден во несреќата која се случија на плоштадот „Буонароти“ додека 36-годишната велосипедистка е однесена во болница со помали повреди.
21-годишниот Лаутаро беше најавуван како огромно засилување за „нераѕурите“ по трансферот од Расинг Клуб, но не успеа да се наметне во првито тим на Лучано Спалети, и постојано е во сенка на својот сонародник Мауро Икарди. Тој има девет настапи во сите натпреварувања и два гола и една асистенција, а шпекулациите велат дека во јануари ќе биде позајмен на друг клуб.