Top Sport

Сопругата го критикувала Меси, тој побарал развод

Арсен, 40-годишен руски државјанин, решил да ја остави сопругата, бидејќи таа за време на светското првенство константно го критикувала неговиот миленик Лионел Меси.

Арсен и неговата три години помлада сопруга Људмила, се запознале во 2002 година, а се венчале две години подоцна. Не им пречело што тој е навивач на Барселона, а таа на Реал Мадрид.

Причините поради кои решил, по 14 години во брак, да се раздели од соppугата, Арсен им ги објаснил на руските медиуми.

„Таа редовно се шегуваше на сметка на Меси и Роналдо, а за време на СП константно провоцираше поради лошите игри на Меси. Ја игнорирав, но таа продолжи да провоцира и по голот што тој го постигна против Нигерија“, рекол Арсен и дополнил.

„Кога започна да говори лоши работи за Меси, тогаш решив да и кажам се што мислам за нејзиниот згоден миленик Роналдо, за португалската репрезентација, за клубовите за кои навива и за неа самата. Потоа ги собрав моите работи и си заминав“, истакнал 40-годишникот, кој наредниот ден поднел барање за развод.

Scroll to Top