Top Sport

Сопругата го убедила Меси да не се откаже по Хрватска

Вечерва може да биде нашата последна шанса да ја гледаме Аргентина, но и Лионел Меси на едно Светско првенство, бидејќи е многу веројатно тие да бидат елиминирани во борбата со Нигерија и Исланд за второто место.

Аргентинскиот весник „Ел Конфиденсиал“ тврди дека сопругата на Меси, Антонела Рокуцо го убедила својот сопруг да не се откаже од Мундијалот во Русија уште на 22 јуни. Според весникот, Меси пристигнал во Русија со „проблеми со стомакот“, но никој не обрнал внимание за тоа.

По промашениот пенал против Исланд (1:1) дојде катастрофата против Хрватска (3:0) и весникот вели дека притисокот на меси бил толку голем, а заедно со конфликтот со тренерот Хорхе Сампаоли бил доволен Меси да реши да си замине.

Меѓутоа, тука главна улога одиграла неговата сопруга Антонела Рокуцо, а Меси откако поминал време со неа и со нивните два сина, Аргентинецот го сменил мислењето. Многумина очекуваат, без разлика на тоа како ќе заврши аргентинската приказна на Мундијалот, Меси ќе рече збогум на аргентинскиот дрес.

??????

A post shared by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on

Scroll to Top