Top Sport

Сопругата ја прекина прес-конференцијата на Конте (видео)

Менаџерот на Челси, Антонио Конте мораше да се извинува на новинарите, откако неговата прес-конференција беше прекината од телефонски повик од сопругата.

Италијанецот веднаш го извади мобилниот телефон и го исклучи, по што се извини на новинарите.

„Секогаш во погрешниот момент! Можете да ме казните, бидејќи и јас би бил лут доколку вакво нешто ви се случи вам“, изјави Конте.

Челси гостуваат кај Барнли во четврток, каде што ќе бараат „одмазда“ за домашниот 2:3 пораз оваа сезона. Минатогодишниот шампион во моментов е на осум поени зад Тотенхем, кои се на последното место кое води во Лигата на шампионите.

„Ќе се обидуваме до крај. Ако сакате да бидете реални, на пет натпревари пред крајот осум поени не се едноставни, но мораме да се обидеме“, објасни Конте.

Сепак, англиските медиуми продолжуваат да шпекулираат дека Конте ќе биде заменет со уште еден Италијанец, тренерот на Наполи, Маурицио Сари.

Scroll to Top