Top Sport

Надал го почна „походот“ на европската земја

Рафаел Надал почна со својот омилен дел од сезоната, европската сезона на земја, дозволувајќи му само четири гема на Словенецот Аљаж Бедене, за 6:1/6:3 победа во второто коло на Мастерсот во Монте Карло.

Надал, кој во малото кнежевство оди на 11 титула во кариерата, откако немаше поголеми проблеми против Бедене, чиј најголем успех беше шест гема да остане на свој сервис пред Надал да направи брејк за 4:3 водство во вториот сет. Следен за Шпанецот е Русинот Карен Хачанов, кој би требало да биде посериозен противник за „кралот на земјата“.

Надал останува на добар пат да се сретне во четврт-финалето со Ѓоковиќ, кој претходно го совлада Борна Чориќ.

Фото: ЕПА

Ѓоковиќ по девет меч-топки го мина Чориќ

Scroll to Top