Top Sport

Сопругата на Азар ги руши стереотипите на „жена на фудбалер“ (галерија)

Еден Азар вчера го крена Мадрид „во воздух“ со презентацијата како нов фудбалер на Реал Мадрид, и многу навивачи за првпат имаа шанса да ја видат сопругата на 28-годишниот Белгиец, Наташа ван Хонакер и неговите три деца.

Тие, секако, не се вообичаениот фудбалски пар. Наташа не е ѕвезда на Инстаграм, не се појавува низ таблоидите во Белгија и секако не живее „на славата“ на својот сопруг. Можеби причината е таа што тие се заедно пред Азар да стане фудбалска ѕвезда – од својата 18-та година живеат заедно, а на 19 годобија првото дете, синот Јанис. Покрај тоа, тие имаат уште две деца – шестгодишниот Лео и тригодишниот Сами.

Scroll to Top