Ванда Нара, сопругата на напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди вети дека ќе ја тужи италијанската комичарка Лучијана Литицето за невкусните шеги по нејзината објава на Инстаграм во која е гола на коњ.
34-годишната Нара постојано ги воодушевува своите 7.3 милиони следбеници на социјалната мрежа со разголени фотографии, но таа со коњот посебно и падна во око на комичарката Литицето.
„Кога ќе кажат дека се јава без седло, најверојатно мислат на ова. Меѓу двете, подресиран е коњот. Се чудам како ја качиле, дали се држела само со ноктите. Објаснете ми исто така каде е крајот на седлото?“, беше шегата на Литицето на ТВ-шоуто „Че“.
Нара, која уште е водителка на италијанската ТВ иако неговиот сопруг веќе се пресели во Париз, најави дека ќе ја тужи комичарката.
„Ќе се видиме на суд. Обично вакво вербално насилство доаѓа од мажите, но во 2020 имаме уште вакви жени. Секако, за ова ќе треба да одговори на суд“, напиша Нара.