Top Sport

Малдини контра Донарума: Така е кога главната мотивацијата ти се парите

Легендата на Милан, а сега техички директор на „росонерите“, Паоло Малдини вели дека Џанлуиџи Донарума е мотивиран само од пари, откако ги одби повеќекратните понуди да остане кај „росонерите“ минатото лето и премина со бесплатен трансфер во Пари Сен-Жермен.

Голманот произлезе од академијата на Милан, за кои имаше над 250 настапи, но Малдини вели дека едноставно му недостасувала страст за клубот.

„Џанлуиџи Донарума е прекрасна личност, полна со емоции. Во идеален свет единствена мотивација на фудбалерите треба да е страта, но ако твојата цел е да добиеш социјален статус и пари за своето семејство кое ти помагало кога си бил дете, тогаш и тоа е доволна мотивација. За да оставарат резултати и статус на голем фудбалер, треба основните мотивации да се спортски. Понекогаш потребите на фудбалерот не се исти со потребите на клубот. Има некои кои чекаат и некои кои брзаат. Не е до мене да ги судам изборите“, вели Малдини.

Scroll to Top