Top Sport

Сопругата на Морелос најмила детектив да го следат неговиот автомобил

Откако претходно оваа недела, шкотските медиуми објавија дека напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Колумбиецот Алфредо Морелос „фатил“ човек како го чепка неговиот „Ламборгини хуракан“, на крајот испадна дека тој е приватен детектив кој неговата бремена сопруга го најмила за да постави апарат за следење на неговиот автомобил.

Колумбиецот го снимаше и го бркаше непознатиот човек, но тој потоа се предал на полицијата и им кажал дека бил најмен од сопругата на фудбалерот, Јесенија. Обвинетиот е поранешен воен ветеран и експерт за надгледување, и тврди дека добил задача да го набљудува скапиот автомобил на Морелос, откако некој се обидувал да ги расипе сопирачките на Ламборгинито.

Морелос, кој играше во саботното 0:0 реми со Абердин не го коментираше инцидентот.

Scroll to Top