Top Sport

И повторно нерешено! Арсенал четврти пат со реми во Премиер лигата (видео)

Арсенал на Микел Артета никако да загуби, но во исто време, никако да ги освои ниту трите поени, откако на гостувањето на Барнли одиграа само 0:0 во меч во кој неверојатно промашување имаше нивниот најдобар напаѓач, Пјер-Емерик Обамејанг.

Сепак, домаќините имаа повеќе шанси во натпреварот и „топчиите“ треба да се среќни што барем имаат поен од гостувањето.

Со овој резултат, Арсенал останува на 10. место во Премиер лигата со 31 поен, колку што има и 11-пласираниот Барнли, и дури 10 зад Челси на четвртото место, кое води во Лигата на шампионите.

Scroll to Top