Top Sport

Сопругата на Серхио Рико: Тој е свесен и знае кои сме, му се врати сеќавањето

Серхио Рико, голманот на ПСЖ кој имаше несреќа при јавање и беше во индуцирана кома, е подобар, свесен е и ги познава најблиските, откри неговата сопруга за шпанскиот медиум „Телечинко“.

„Го гледаме светлото на крајот од тунелот. Одиме чекор по чекор. Од самиот почеток знаев дека ќе се извлече бидејќи е шампион“, изјави Алба Силва, сопругата на Серхио Рико, за шпанските медиуми.

Голманот беше во кома три недели по несреќата на јавање во шпанската провинција Андалузија. Потоа во тешка состојба беше префрлен во болница, а лекарите едвај успеале да му го спасат животот.

Коњот на Рико се судрил со друг, побегнат коњ. Голманот и неговиот коњ паднале на земја, а Рико бил удрен со копито во главата од едно од животните.

Серхио Рико при падот ги скршил прешлените на вратот и доживеал мозочен удар. Итната помош брзо пристигнала и со хеликоптер го префрлиле повредениот голман во болница во Севилја.

„Серхио сега комуницира. Нѐ нарекува по име, одлично знае кои сме, му се врати сеќавањето, сега сите сме оптимисти дека целосно ќе се опорави“, истакна сопругата Алба Силва.

 

Scroll to Top