Top Sport

Сопругата на Силва контра навивачите на Челси: Не доаѓајте на стадион ако не пеете!

Беле да Силва, сопругата на дефанзивецот на Челси, Тијаго Силва повторно ги „прозва“ навивачите на Челси, откако на „Стемфорд Бриџ“ имаше свирежи при 1:0 поразот од Манчестер сити, резултат по кој „сините“ остануваат на 10. место на табелата.

Сопругата на Силва од „боксот“ на „Стемфорд Бриџ“, додека повеќето фанови околу неа беа тивки, почна да пее „Ајде Челси“ покажувајќи го несогласувањето со свирежите. Таа го постави ова видео на социјалните мрежи со порака: „Не доаѓајте на ‘Стемфорд Бриџ’ ако не пеете! COME ON CHELSEA!!“.

Ова не е првпат таа да влезе во конфликт со навивачите – по 2:2 ремито со Тотенхем на „Стемфорд Бриџ“, таа јавно ја запраша управата на Челси зошто на стадионот нема банер од нејзиниот сопруг.

Scroll to Top