Top Sport

Сопругата на Тијаго Силва сега го „сака“ Тимо Вернер!

Изабеле Силва, сопругата на дефанзивецот на Челси, Тијаго Силва, го смени мислењето за Тимо Вернер, велејќи дека го сака откако тој го постигна првиот гол при 2:0 победата над Реал Мадрид.

Изабеле предизвика мала бура откако минатата недела го критикуваше Вернер велејќи дека „некој во тимот само промашува“, но сега таа го смени мислењето.

„Вернер, многу добро! За ова зборував! Знаеш! Ти си најдобар пријателу, те сакам“, врескаше Изабеле неколку моменти по голот на Вернер.

Scroll to Top