Top Sport

Сопругата на Варди ја тужи за клевета сопругата на Руни!

Еден од најнеобичните конфликти во англискиот фудбал, ќе добие и судска завршница, откако Ребека Варди, сопругата на напаѓачот на Лестер Џејми Варди, ја тужи Колин Руни, сопругата на легендарниот Вејн Руни за клевета пред Високиот суд во Лондон.

Конфликтот започна минатата година, кога 34-годишната Колин Руни ја обвини Варди дека „пушта“ приказни за таблоидот „Сан“ во обид да ја наруши репутацијата, објаснувајќи го тоа со интересен пост на Инстаграм.

38-годишната Ребека Варди, очигледно не сакаше оваа расправија помеѓу поранешните пријателки да заврши на ова и сега поднела тужба за клевета против Руни. Се верува дека таа ќе се задоволи со јавно извинување, и дека парите не се главниот мотив на оваа тужба.

Двете сопруги претходно биле добри пријателки откако се зближиле за време на Европското првенство во 2016 во Франција, која нивните сопрузи беа дел од англиската репрезентација. Ребека и Џејми Варди се заедно повеќе од шест години и имаат три деца заедно, додека двајцата имаат по едно дете од претходни врски. Колин Руни и Вејн Руни се заедно од нивните средношколски денови и имаат четири сина.

Сопругите на Варди и Руни во „лута“ преписка на Твитер

Scroll to Top