Top Sport

Румениге и Баерн бараат враќање на парите за трансфери на разумно ниво

Фудбалот мора да се навикне на многу помали суми за трансфери и за плати на фудбалерите поради КОВИД-19, и тоа е реалност која мора да се прифати, вели извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.

Неговиот тим минатата недела ја обезбеди осмата титула едноподруго во Бундеслигата, а уште се борат за трофеи од ДФБ купот и Лигата на шампионите, но проценките се дека очекуваниот приход од 700 милиони евра во 2020 да падне за барем 50 милиони евра.

„Фудбалот мора да биде порационален за да се подготвиме за идните кризи. Во последната деценија фудбалот со мотото повисоко-побрзо-подалеку за трансферите и платите на фудбалерите претера. Видовме неверојатни суми за трансфери кои веќе не можат да се оценат како рационални“, вели Румениге во интервју за весникот „Хандесблат“.

Иако Баерн обично не се меѓу големите „трошаџии“, минатата година го срушија сопствениот рекорд плаќајќи 80 милиони евра за дефанзивецот Лукас Ернандез, кој за жал поголем дел од сезоната паузираше поради повреда.

Scroll to Top