Top Sport

Сопругата не му дозволила да потпише со Црвена ѕвезда

Генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ, на почетокот на подготовките за новата сезона проговорил за пропаднатиот трансфер на Шпанецот Алехандро Галвес.

Галвес минатата сезона ја мина во Рајо Валјекано, а по завршувањето на сезоната, како слободен играч тој ги договори условите за трансфер во Црвена ѕвезда.

Сепак во последен момент, иако веќе купил авионски билет, Галвес се премислил.

„Сопругата не му дозволи да дојде. Црвена ѕвезда навреме ги извршува своите обврски, имаме редовен мониторинг. Сите работи ги решаваме на почетокот“, рекол Терзиќ.

Scroll to Top