Кевин Де Брујне еден од клучните фудбалери на Манчестер сити се подготвува да го напушти клубот. Договорот на Белгиецот со Сити истекува наредната година, но медиумите тврдат дека тој следната сезона нема да биде на „Итихад“.
Според „Трансфермаркт“, Де Брујне вреди 60 милиони евра, сума која богатите клубови можат да ја платата и покрај тоа што фудбалерот има 33 години.
Наводно фаворит за неговиот потпис е Ал Наср.
Шансата да си замине тој самиот ја прокоментира во интервју за холандските медиуми.
„Мишел (сопругата Мишел Лакроа) сака егзотични авантури и не би имала ништо пртив преселбата во саудиска Арабија. Морам да размислувам за мојата иднина. На моја возраст морам да бидам отворен за сите опции, вклучително и за Саудиска Арабија. Секако дека и парите се важни особено во оваа фаза од мојата кариера. За две години во Саудиска Арабија, би заработил повеќе отколку што заработив за 15 години од мојата кариера.