Top Sport

Сопругите ги убедуваат Меси и Фабрегас за заеднички трансфер во Америка?

Цеск Фабрегас и Лионел Меси остануваат добри пријатели и покрај тоа што одамна не се соиграчи, и според шпанските медиуми може повторно да заиграат заедно доколку се оствари желбата на нивните сопруги да направат трансфер во САД, односно во МЛС лигата.

Шпанскиот новинар Гијем Балаге, кој вообичаено е добро информиран за случувањата во фудбалот на Пиринејскиот Полустров, тврди дека Фабрегас, кој сега игра во Монако, сака да направи трансфер во МЛС, а тој ја има поддршката и од својата сопруга Даниел Семан, но и сопругата на Меси, Антонела Рокуцо. Односно, потребно им е само да го убедат Лео да си замине од Барселона.

„Сопругата на Цеск и сопругата на Меси се многу добри пријатели и двете ги убедуваат да одат во Америка заедно. Не знаеме дали и кога ќе се случи тоа, но идејата е тука кај двајцата“, вели Балаге.

Scroll to Top